verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Случај „Монструм“: „Пукаме на Величетврток за да ви биде крвав Велигден“

on 4 - 06 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

05302014-Republika-Monstrum-crop-resize

Текстот што го рецензираме е уште еден од оние кои си го обезбеди своето место на новинарскиот „ѕид на срамот“. Од неколку причини.

Како прво, насловот на текстот е  крајно некоректен, злонамерен и застрашувачки. Изведен од завршните зборови на обвинителството во случајот „Монструм“ и вака поставен излегува дека е изјава на обвинетите. Тоа е тенденциозен непрофесионализам кој оди во прилог на поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост во услови кога нашата земја е под постојана тензија и провокации во однос на мултиетничкиот амбиент.

05302014-Republika-MonstrumЛинк до оригиналниот напис: Случај „Монструм“: „Пукаме на Величетврток за да ви биде крвав Велигден“

Датум и време на објавување: 30.05.2014, 13:57

Датум на рецензирање: 30.05.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Целиот текст, од кој произлегува и овој ептен несоодветен и застрашувачки наслов, е политичка изјава на обвинителството за да се постигне „уметнички впечаток“ во делот на судењето на обвинетите во процесот „Монструм“ за повеќекратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година. Настрана тоа што именувањето на полициската акција за тој случај потоа продолжи да се провлекува и низ медиумие и низ судскиот процес со што беше нарушен концептот на пресумпција на невиност додека не се докаже делото.

Никој во јавноста не се сомнева дека споменатото повеќекратно убиство е грозоморно дело и дека сторителите треба да се казнат. Во процес кој нема да фрли никакви сомнежи дека се пронајдени вистинските сторители и дека полицијата и обвинителството ги имаат неоспорните докази, во едно фер и праведно судење.

Но, во известувањето од последното рочиште на овој процес во оваа фаза, во текстот што го рецензираме, освен овој, политички обоен дел од завршните зборови на обвинителството, нема ниту збор за фактите и доказите за кои обвинителството смета дека се несоборливи за да се прогласат за виновни обвинетите и соодветно на тоа да се побара најстрога казна.

Овој текст е пример за неодговорна постапка, која наместо внимателно и одмерено известување од ова судско рочиште, си дозволи да ја издвои само и само политичката пораката на обвинителството, без да се расуди дека едно такво известување ќе предизвика реакции во средина во која меѓуетничките тензии се на тенка жица.

И на крајот, но, секако не најмалку важно, овој текст, во обид да ја прикрие својата намера тенденциозно да селектира и злонамерно да остане нејасно кој го изрекува застрашувачкиот исказ издвоен во насловот, за овој текст се повикува на извештајот за ова судење од друг медиум, но со ништо не укажува дека изворниот текст е коректен зашто кај него во насловот јасно стои дека застрашувачкиот исказ е на јавното обвинителство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести